По долги
преговори и интервју со неколку кандидати, Евертон го именуваше
Френк Лампард за наследник на Рафа Бенитез.
Младиот стратег попладнево
стави потпис на две ипол годишен договор и се обврза кон „карамелите“ до 30. јуни
2024.
„Огромна чест ми
е што добив шанса да предводам голем клуб со традиција како Евертон. Со
нетрпение чекам да ја започнам авантурата“ – беа првите зборови на Френк
Лапард.
Се очекува до
крајот на денот тој да ги добие и првите засилувања. Дони ван де Бек ги одработува
лекарските прегледи и треба да пристигне на Гудисон на позајмица од Манчестер
јунајтед.
Се говори дека
Френк Лапард го побарал и Лука Јовиќ од Реал Мадрид и се прават напори и
Србинот да биде ангажиран на позајмица до крајот на сезоната.