164
Брентфорд и
официјално го потврди тоа што извесен период се шпекулираше низ медиумите, а
тоа е ангажманот на Кристијан Ериксен кој беше без ангажман по разделбата со
Интер.
29 годишниот
Данец го прекина својот договор со Интер откако не му беше дозволено да игра во
Серија А со дефибрилатор, по срцевиот удар кој го доживеа на Европското
првенство, а клубот од Милано упати порака до него по трансферот во Брентфорд.
„Среќно во
твојата нова авантура Кристијан Ериксен, среќни сме што ќе те видиме повторно
на теренот, Засекогаш црно-син“ напишаа од Интер на социјалните мрежи.