344
32 годишниот
Пјер-Емерик Обамејанг веќе заврши со Арсенал, а Габонецот веќе пристигна во
Барселона каде денеска треба да го официјализира својот трансфер кој ќе биде во
вид на позајмица.
Барселона ќе мора
брзо да реагира и во случајот со Осман Дембеле, за што Французинот треба да си
замине од редовите на Каталонците, за да се комплетира ангажманот на Обамејанг.
Каталонците инаку
се на петото место на табелата во шпанската Примера со 35 освоени бодови од 21
одигран натпревар, заостануваат 15 бода од лидерот Реал Мадрид, а во нокаут
рундата од Лига Европа противник им е Наполи.