Официјално: Адама Траоре се врати во Барселона

by
1 минути читање

Адама Траоре кој потекнува од школата на Барселона, повторно ќе игра за овој клуб, сега тој таму се враќа како зрел играч.

„Барселона и Вувлерхемптон постигнаа договор за позајммица на фудбалерот Адама Траоре до 30 јуни 2022 година. Платата на фудбалерот во целост ќе ја плаќаме ние, а има и опција да го направиме трансферот перманентен“, стои во соопштението на клубот.

Се шпекулира дека сумата која Барселона ќе треба да ја плати за комплетно да го откупи Траоре е околу 30 милиони евра.

Тој веќе има постигнато согласност за петгодишен договор со Барселона, но дали тој ќе се активира ќе зависи од неговите перформанси до крајот на сезоната.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×