Официјално: Фиорентина го потврди трансферот на Кабрал, наследникот на Влаховиќ

by
0 минути читање

Веќе неколку дена се знаеше дека Кабрал ќе биде новиот напаѓач на Фиорентина, но трансферот сега е комплетиран.

„Фиорентина со задоволство може да го соопшти ангажманот на Артур Кабрал од Базел на перманентен трансфер“, стои во соопштението на клубот. 

Тој ќе го носи дресот со број 9.

Кабрал на 106 натпревари за Базел има постигнато 65 голови и 17 асистенции. Во моментов е најдобар стрелец во УЕФА Конференциската лига.

Фиорентина за овој трансфер на Базел му плаќа 16 милиони евра, а Кабрал ќе добива годишна плата од 1,7 милион евра.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×