201
Јувентус денеска
ќе го комплетира трансферот на Душан Влаховиќ вреден 75 милиони евра, но во
Торино до крајот на преодниот рок може да пристигне уште едно звучно име.
Како што
пренесуваат медиумите од Англија, „старата дама“ стапила во контакт со Арсенал
и се распрашувала за позајмица на Пјер Емерик Обамејанг.
Интерес за
услугите на Габонецот пријавиле и од таборот на Барселона, но „каталонците“ најпрво
треба да се ослободат од Осман Дембеле.
Пјер Емерик
Обамејанг е во немилост кај Артета со месеци и „топчиите“ се обидуваат да му
најдат нов клуб.