198
Дони ван де Бек
овој месец се обидува да го напушти Манчестер јунајтед во потрага на поголема
минутажа, неговиот агент го понуди на неколку клубови но откако никој не
загриза посериозно, Холанѓанецот решил да фати врски преку дедото.
Фудбалерот од
средниот ред е во врска со Естел Бергкамп, ќерка на легендарниот Денис Бергкамп, кој му се јавил на својот
добар пријател од времето во Арсенал, Патрик Виера и му предложил зделка.
Кристал Палас и
Манчестер јунајтед сега се во преговори и се очекува до понеделник да падне договор за позајмица до крајот на сезоната.