257
Робин Госенс и
официјално го комплетираше трансферот во Интер, со тоа што истиот е во вид на
позајмица со опција за целосен откуп на неговиот договор за сума од 25 милиони
евра, која би легнала на контото на Аталанта.
Германскиот
интернационалец имаше медицински прегледи утрово, а стави потпис на четири и
пол годишен договор, според кој ќе заработува по 2.5 милиони евра од сезона, а
дополнително ќе има и бонуси.
Актуелнава сезона
Госенс ја одбележа со низа повреди, а постигна два гола и една асистенција во
осум настапи за Аталанта, ланската сезона блескаше со 12 погодоци и осум
асистенции на 44 меча.