50+ милиони за клубот, четири пати поголема плата за фудбалерот, Њукасл договори голем трансфер

by
1 минути читање

Њукасл овој месец
доби неколку „корпи“, но клубот од Сент Џејмс Парк сепак успеа да договори
голем трансфер. Според пишувањата на Л’Екип, паднал „дил“ за Бруно Гимараеш да
се пресели на северот во Англија.

И покрај тоа што
Лион оваа недела официјално демантираше дека е договорен трансфер, преговорите
помеѓу двата клуба продолжиле, и како што пренесува Л’Екип, била подадена рака
за зделка од 42 милиони евра, плус уште додатни 10 милиони евра во бонуси, од
кои половината се лесно остварливи.

Бруно Гимараеш
веќе се има договорено со Њукасл, ќе добие четири пати поголема плата (во
моментов заработува 220.000 евра месечно) и само прашање на време е кога ќе
пристигне официјална потврда.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×