343
Договорот на Ромањоли со Милан истекува по крајот на оваа сезона, но росонерите му нудат договор со намалена плата.
Моментално тој заработува 5,5 милиони евра по сезона, и Милан не сака да му достави нова таква понуда.
Доколку не најде заеднички јазик со Милан, се шпекулира дека Ромањоли би можел како слободен играч да се пресели во Јувентус.
Росонерите во меѓувреме се во потрага по нов централен дефанзивец. Се поврзуваа со Ерик Баи од Манчестер јунајтед, со Севен Ботам од Лил и Малик Тиав од Шалке.