899
Се верува дека
Ливерпул подготвува понуда за Пауло Дибала во случај Аргентинецот да си замине
од Јувентус како слободен играч на лето, иако Интер остануваат главни фаворити
за неговиот потпис.
Како што е познато,
актуелниот договор на 28 годишниот Дибала истекува на лето, а се појавија низа
прашања околу иднината на Аргентинецот во клубот од Торино по ангажманот на
напаѓачот Душан Влаховиќ, прашања кои се однесуваат од финансиски карактер.
Шпекулациите во
Италија велат дека Дибала веќе го одбил Тотнем, а не би имал ништо против да го
облече дресот на Ливерпул, иако се споменува Интер како фаворит во трката за
неговиот потпис.