388
20 годишниот
Армандо Броја, кој е роден во Англија но реши да настапува за Албанија, земјата
од каде потекнуваат неговите родители, може да стане најскапиот трансфер во
историјата на Саутемптон.
Напаѓачот ипремсионираше
во првиот дел од сезоната, па „светците“ уште сега размислуваат за перманентен
трансфер. Како што пренесуваат медиумите, се подготвува понуда вредна 25
милиони фунти, што е рекордна сума за клубот од „Сент Мерис“.
Останува да се
види каква ќе биде одлуката на Челси, пред неколку дена Томас Тухел упати многу
пофални зборови на адреса на Армандо Броја и порача дека сега не е време да се
зборува за неговата иднина и тоа прашање треба да биде разгледано летоска.