Душан Влаховиќ и
неговиот трансфер во Јувентус е топ тема во Италија, само прашање на време е
кога ќе пристигне официјална потврада. Според пишувањата на медиумите, се
работи за зделка од 65 милиони евра, плус додатни 10 милиони евра во бонуси.
Не само што ќе
заигра за еден од најголемите клубови во Италија и Европа, Србинот добро ќе се офајди
од трансферот во Торино. Тој ќе има дури 10 пати поголема плата и ќе заработува
околу 7 милиони евра по сезона.
Во моментов,
Душан Влаховиќ во Фиорентина заработува околу 800.000 евра по сезона. Минатото
лето, „виолетовите“ му понудија да стане најплатениот играч во нивната историјa (околу 4 милиони евра по сезона),
но тој тогаш го одби предлогот и на
сите им стана јасно дека нема намера да продолжи на „Артемио Франки“.