159
Селекторот на
Италија, Роберто Манчини за момент ја изненади тамошната фудбалска јавност
откако го врати Марио Балотели во селекцијата на „Аѕурите“ за претстојната
интернационална пауза.
31 годишниот
напаѓач на турска Адана Демирспор се враќа во националниот состав на Италија по
пауза од три години, а тој веднаш реагираше на нему својствен начин на
социјалните мрежи по таа вест.
Инаку во однос на
своето враќање во националниот состав на Италија, Балотели наведе дека нема
ништо чудно во тоа што еден 31 годишен фудбалер да игра за својата репрезентација,
а додаде дека се надева дека „Аѕурите“ ќе се изборат за пласман на Светското
првенство.
