Обамејанг има договор со Арсенал до јуни 2023 година, но се верува дека тој ќе биде продаден порано од тоа, а можеби уште во јануарскиот преоден рок, откако го расипа односот со Артета.
Како клубови кои посакуваат да го ангажираат Обамејанг, се посочуваат Милан, Јувентус, ПСЖ, Марсеј и Севиља. А има понуда и од Ал Наср.
Доколку Милан успее да победи во трката, тоа би било враќање на Обамејанг на Сан Сиро. Тој една година (2007-2008) настапуваше за младинскиот тим на росонерите, а потоа до 2011 беше член и на сениорскиот но беше праќан на позајмици.
Сепак има еден проблем кој го комплицира неговиот ангажман, а тоа е високата плата која ја добива во Арсенал.
Не се верува дека друг европски клуб ќе му ја понуди платата која сега ја добива во Арсенал бидејќи веќе подолго време игра во лоша форма.