Готово е, Дембеле мора веднаш да си замине од Барселона

by
1 минути читање

Помина ултиматумот кој Барселона му го даде на Дембеле, тој не сака да потпише нов договор, па клубот сака веднаш да го продаде.

„Им кажавме на Дембеле и неговиот агент дека тој треба веднаш да си замине. Очкуваме Усман да биде продаден до 31 јануари“, вели Алемани.

„Јасно е дека Дембеле не сака да продолжи во Барселона. Не сака да биде дел од нашиот проект, а ние сакаме верни фудбалери“.

„Му дадовме многу различни понуди да остане и да потпише нов договор, но тој секогаш ги одбиваше, многу многу пати“.

„Одлуката ја донесе Чави со наша комплетна поддршка. Ние сме заедно. Тој не е повикан за мечот меѓу Атлетик и Барселона“.

Договорот на Дембеле со Барселона истекува по крајот на сезоната. Клубот сака да го продаде веднаш со цел да заработи на неговото заминување, а тој можно е и да одбие сега да направи трансфер со што би можел да добие подобра лична понуда од идниот клуб.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×