152
Манчестер
јунајтед го одбил Њукасл во неговиот обид да го обезбеди Џеси Лингард на
позајмица за до крајот на актуелната сезона, а 29 годишниот фудбалер влегува во
финалните шест месеци од актуелниот договор со клубот од „Олд Трафорд“.
Дали Њукасл ќе
тргне во нови обиди за потписот на Лингард, овој пат за негов трансфер на лето,
кој инаку може да се договори уште овој месец, останува да видиме, а извесно е
дека Лингард ќе си замине од Манчестер јунајтед.
Лингард запиша 14
настапи за „Црвените ѓаволи“ оваа сезона, со тоа што само еден настап му беше
како стартер, а имаше фантастични перформанси за време на престојот на
позајмица во Вест Хем ланската полусезона.