Во Италија
известуваат дека во Јувентус се крајно фрустрирани поради тоа што нивниот
фудбалер од средниот ред, Арон Ремзи одби неколку понуди да си замине уште овој
месец.
Неколку клубови
испратија понуди за позајмица до клубот од Серија А за 31 годишниот Велшанец,
кои се однесуваат до крајот на актуелната сезона, а само еден остана во игра.
Откако ги одби
Њукасл, Вулверхемптон и Барнли, Кристал Палас е единствениот Премиерлигаш во
моментов кој остана во игра за потписот на Ремзи, а се верува дека тренерот на
клубот од Лондон, Патрик Виеира е клучен во целата операција.
Ремзи наводно е
убеден дека заслужува да игра во некој поголем клуб во Англија, и покрај фактот
што имаше проблеми со повредите кои целосно го извадија од колосек во однос на
формата по трансферот од Арсенал во редовите на „Старата дама“.