Јувентус со убедлив триумф ја помина Сампдорија во Купот на Италија (ВИДЕО)

by
0 минути читање

Јувентус немаше големи проблеми против Сампдорија, лесно ја оствари целта и се пласираше меѓу осумте најдобри во италијанскиот куп.

Квадрадо во 25. минута ја отвори серијата погодоци, а две минути подоцна Мората даде гол но му беше поништен поради фаул.

На 2-0 зголеми Ругани во 52. минута, но десет минути подоцна погоди Конти и ја врати Самдприја во живот.

Сепак овој резултат не траеше долго, Дибала погоди во 67. минута за водство на Јуве од 3-1, а конечниот резултат го постави Мората десет минути подоцна.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×