Убав гест на Лео Меси кон Роберт Левандовски

by
1 минути читање

Светската куќа на фудбалот синоќа ги одбираше најдобрите во годината, трофејот „Д Бест“ заврши во рацете на Роберт Левандовски, Полјакот до ова признание стигна пред Лео Меси и Мохамед Салах.

Медиумите сега пренесуваат за убав гест на Лео Меси, Аргентинецот еден час седел пред својот Ајпад и ја следел церемонијата (која беше виртуелна) и покрај тоа што знаел дека нема да добие никаква награда.

Аргентинецот од својот дом се појави на екраните и со насмевка на лицето чекаше да биде отворен ковертот и да биде прочитано името на Роберт Левандовски. 

Во последните неколку години, Лео Меси и Кристијано Роналдо (двете најголеми имиња на денешницата а можеби и во историјата) често знаеа да не се појават на церемониите доколку нивното име не се наоаѓаше помеѓу победниците.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×