Мала утеха за Левандовски, го победи Меси до признанието „Д Бест“ на ФИФА

by
1 минути читање

Роберт
Левандовски според многумина неоправдано ја загуби битката со Лео Меси за
престижниот трофеј „Златна Топка“, но мала утеха за напаѓачот на Баерн Минхен
пристигна вечерва.

Полјакот е фудбалер
на годинат
а во изборот на ФИФА, Роберт Левандовски стигна до наградата „Д Бест“
пред Лео Меси и Мохамед Салах.

На церемонијата
во Цирих, ФИФА додели уште неколку награди, Едуар Менди од Челси е избран за голман
на годината, а Томас Тухел доби признание за тренер на годината.

Кристијано
Роналдо
доби специјално признание за голгетерскиот скор со репрезентацијата на
Португалија.

Во женска
конкуренција, Алеша Путељас од Барселона е најдобра во годината, Кристијане Едлер е најдобар голман, Ема Хејс е најдобар тренер а Кристин Синклер доби
специјално признание.

Наградата за
навивачите е доделена за фановите на Данска и Финска и нивната сплотеност кога
Кристијан Ериксен колабираше на теренот. Наградата за фер-плеј е доделена на фудбалерите,
лекарскиот тим и тренерскиот персонал на Данска и нивната херојска реакција со
која беше спасен животот на Кристијан Ериксен.

За наградите
гласаа фановите, одбрана група новинари, капитените и селекторите на
репрезентациите.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×