221
Реал Мадрид победи на Суперкупот на Шпанија кој овојпат се играше во фајнл-фор формат во Саудиска Арабија.
Откако во полуфиналето ја совладаа Барселона, во денешното финале Реал Мадрид беше подобар од Атлетик Билбао.
Резултатот го отвори Лука Модриќ со убав гол во 38. минута од натпреварот. Со водство на Реал Мадрид од 1-0 се замина на полувремето.
По седум минути игра во вториот дел, Карим Бензема од пенал реализираше за предност од 1-0.
Во 87. минута Атлетик Билбао доби пенал, а Милитао кој играше со рака доби црвен картон. Но ударот на Гарсија го одбрани Тибо Куртоа.
На крајот Реал Мадрид заслужено се радуваше на освоениот трофеј.