Дибала испрати остра порака до првиот човек на Јувентус

by
1 минути читање

Пауло Дибала е во центарот на вниманието, наместо да го прослави голот против Удинезе, тој реши да испрати лут поглед кон трибините.

И додека сите ова го разбраа како порака до директорите на Јувентус по најавите дека ќе се менуваат условите за новата соработка, Аргентинецот рече дека само се обидувал да најде пријател на трибините.

Но напаѓачот не застана тука, во разговор со ДАЗН, Пауло Дибала испрати остра порака по критиките кои ги доби пред неколку дена од првиот човек на Јувентус, генералниот извршен директор Маурицио Аривабене.

„Не треба ништо да докажувам на никого. На располагање сум му на тренерот и клубот“ – рече Дибала.

„Новиот договор? Клубот рече дека повторно ќе разговараме во февруари или март“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×