Душан Влаховиќ
игра во страшна голгетерска форма, Србинот е на радот на многу гиганти ширум
европа и се говори дека Фиорентина бара помеѓу 70 и 80 милиони евра за негов
трансфер.
Барселона е еден
од клубовите кои се поврзуваат со ангажман на напаѓачот, и како што пренесува
Марка, „каталонците“ имале прилика да го ангажираат Душан Влаховиќ пред 18 месеци.
Летниот преоден
рок во 2020 година, или поточно во месец август, имало состанок помеѓу агентот
на играчот, Дарко Ристиќ и делегација на Барселона предводена од Ерик Абидал. Се
поставувале темили за позајмица на Душан Влаховиќ во сезоната 2020/21 со обврска
во целост да биде купен летото во 2021 година за 18 милиони евра.
Но тогашното
раководство на Барса на крајот одлучило да не го ангажира Србинот и се повлекло
од преговорите.