Рангник им дал слободен ден на фудбалерите на Манчестер јунајтед па заборавил, се чудел зошто ги нема на тренинг!

by
0 минути читање

Имено по мечот со Астон Вила кој се играше во понеделникот, Рангник им соопштил на фудбалерите дека следниот ден им е слободен, немаат никакви обврски.

Но, тој заборавил дека им дал слободен ден па дошол во тренинг центарот и се зачудил кога видел дека нема никој од фудбалерите.

Кога му текнало што направил, се спакувал и се вратил дома. Играчите откако дознале за овој случај, почнале да се шегуваат на сметка на Рангник.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×