Карвахал го пропушта финалето од Суперкупот, позитивен е на ковид-19

by
1 минути читање

Реал Мадрид е во Саудиска Арабија каде се игра шпанскиот Суперкуп по принцип на фајнл-фор.

По победата над Барселона, кралскиот клуб во финалето ќе игра против Атлетик Билбао, а во битката за торфејот Анчелоти нема да може да смета на Карвахал.

Реал Мадрид утрово потврди дека десниот бек е позитивен на ковид-19.

Тој и нема да може да се врати веднаш во Шпанија, ќе треба периодот на изолација да го помине во Саудиска Арабија а потоа да замине за Мадрид.

Пред мечот со Билбао, ќе бидат направени и уште тестови, па ќе се знае дали е можно да се заразени и други фудбалери.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×