Пауло Дибала ќе биде слободен фудбалер, а финансиската ситуација на Барселона е таква да тие би дале приоритет на квалитетни засилувања кои можат да ги добијат без обесштетување.
Информацијата дека Дибала ќе биде слободен играч и нема да продолжи со Јуве, го вклучи алармот во Барселона.
Антонио Конте пак очајно посакува да го засили Тотнем и ќе проба да го убеди Дибала да му се приклучи во Премиерлигата.
Се вели дека Бепе Марота е фан на Дибала и сака да го донесе во Интер, но има еден проблем кој го немаат Барселона и Тотнем.
Интер е најголемиот ривал на Јувентус, а Дибала не сака да направи предавство и да го облече црно-синиот дрес. Аргентинецот преферира трансфер во друга земја, а тоа им дава предност на Барселона и Тотнем.
Не се исклучува можноста во меѓувреме и други клубови да се вклучат во трката по Дибала.