Јувентус се подготвуваше за пенали, Интер со гол во 120. минута стигна до трофеј во Суперкупот! (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Симоне Инзаги го
освои првиот трофеј на кормилото на Интер, вечерва беше совладан лутиот ривал
Јувентус во Суперкупот на Италија.

Мекини ја донесе „старата
дама“ во предност, но десет минути подоцна Мартинез од пенал изедначи на 1-1.

Истиот резултат
стоеше на семафорот по 90 минути игра, па мечот отиде во продолженија. И кога
се чинеше дека ќе има пенали, Леонардо Бонучи чекаше да биде направен прекршок
за да влезе во игра, Алекс Сандро погреши во 120. минута од мечот а Алексис
Санчез ја затресе мрежата за 2-1 и огромна радост на Интер.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×