168
Предводникот на
Јувентус, Масимилијано Алегри бил договорен со Реал Мадрид ланското лето, откри
неговиот агент, со тоа што потребно било само да се потпишат предвидените
документи од договорот.
„Алегри беше на
еден чекор до назначување на тренер на Реал Мадрид во мај, се’ беше договорено“ рече италијанскиот агент
Џовани Бранкини за „Скај Спорт Италија“.
„Договорот помеѓу
обете страни беше постигнат, тој само требаше да го потпише договорот, а потоа
се предомисли и потпиша за Јувентус“ додаде тој.
Реал Мадрид за
наследник на Зинедин Зидан потоа го назначи Карло Анчелоти.