Лингард би можел во Тотнем?

by
1 минути читање

Џеси Лингард
имаше фантастична полусезона лани во дресот на Вест Хем, меѓутоа по враќањето
во Манчестер јунајтед од таа позајмица одново не доби прилика за докажување во
клубот од „Олд Трафорд“.

И повеќе од
извесно е дека 29 годишниот Лингард ќе си замине од Манчестер јунајтед, а не се
исклучува можноста тоа да се случи уште овој месец, а освен Вест Хем, кој се
споменува веќе подолг период, се појави и изненадувачки кандидат за неговиот
потпис.

Според пишувањата
на „Фудбал Лондон“, Тотнем ја разгледува можноста за ангажман на Лингард, кој
инаку влезе во последните шест месеци од неговиот актуелен договор со „Црвените
ѓаволи“.

Манчестер
јунајтед и Тотнем ќе водат битка за пласман помеѓу четирите најдобри екипи
сезонава во Премиерлигата, па останува отворено прашањето колку Ралф Рангник би
дозволил засилување за ривалот на „Црвените ѓаволи“ токму од нивниот состав.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×