Напаѓачот на
Торино, 28 годишниот Андреа Белоти ја одбил можноста овој месец да ги засили
редовите на Њукасл кој доби богато сопствеништво, а воедно има и полна каса за
засилувања уште во јануарскиот преоден рок.
Во Италија
наведуваат дека желбата на Белоти е да ја заврши актуелната сезона со Торино, а
се верува дека напаѓачот нема да ја продолжи соработката со тој клуб, односно
на лето ќе си замине без обештетување.
Белоти во 2015
година потпиша за Торино по трансферот од Палермо вреден 7.5 милиони евра,
досега успеа да постигне 107 погодоци на 238 меча.
На Њукасл очајно
му се потребни победи во периодот кој претстои, бидејќи и повеќе од јасно е
дека тимот на Еду Хау го чека грчевите битка за опстанок во елитното друштво од
Премиерлигата до самиот крај од актуелната сезона.