Денеска во дел од нашите медиуми се појави информација која стигна и до Шпанија, Димитриевски е пред трансфер во Барселона. Но, Македонецот за „Пасион пор ел Рајо Радио“ вели дека нема информација за такво нешто, иако е поласкан што се поврзува со така голем клуб.
„Фокусиран сум само на натпреварите оваа сезона и само тоа ме интересира. Среќен сум кога ќе слушнам такви работи и благодарен сум, тоа значи дека сум направил нешто добро, па затоа сум интересен за таквите клубови. Но јас сум фокусиран само на работа за тимот. Немам никаква информација и не би сакал да знам бидејќи тоа може да ми влијае на секојдневната работа. Јас сум сериозна и многу смирена личност. Што ќе дојде, ќе дојде. Јасно е дека секој сака да напредува и да игра за голем тим, но јас сум фокусиран на Рајо“, вели Димитриевски.
Тој потврди дека поради повреда не играл на последниот меч за Рајо, но не е ништо сериозно.
„Имам мала нелагодност во тетивата, и имав болка, но ништо сериозно. Неколку дена одмор и третман и ќе биде подготвен. Добар сум. Ништо не е сериозно или страшно што со недели ќе ме оттргне од теренот. Само малку одмор и добар сум. Се надевам дека веќе на следниот натпревар ќе можам да му помогнам на тимот“.
Се верува дека доколку Барселона треба да најде купувач за Нето, а потоа да пристапи кон ангажман на Димитриевски. Има уште повеќе од половина преоден рок, па не се исклучува можноста нашиот голман сепак да заврши на Камп Ноу.