Ралф Рангник
одлучи да не ризикува со Кристијано Роналдо за вечерашната пресметка со Астон
Вила во рамките на ФА купот, а тој објасни за таквата одлука откако многумина
ги зачуди фактот што Португалецот не се најде во составот на „Црвените ѓаволи“.
„Не би кажал дека
тие се повредени, меѓутоа би истакнал дека имаат мускулни проблеми“ рече шефот
на стручниот штаб на „Црвените ѓаволи“ во однос на отсуството на Џоунс, Санчо,
како и Роналдо.
„Разговарав со
Кристијано пред вчерашниот тренинг, јасно ми наведе дека се соочува со одредени
проблеми изминативе неколку денови, не се работи за повреда од посериозен
карактер, а одлучивме дека нема потреба од ризик за куп натпревар кој би можел
да трае и до 120 минути“ додаде Рангник.