Ливерпул тргна
лошо во дуелот против третолигашот Шрусбери откако аутсајдерот прв поведе во 32
финалето од ФА купот, меѓутоа фаворитот на крајот се радуваше на убедлива
победа од 4-1.
Шефот на
стручниот штаб на Шрусбери, Стив Котерил откри еден доста интересен детал кој
се случил по самиот меч на „Енфилд“, за што посебни импресии од таборот на
неговиот состав имале поради гестот на Вирџил ван Дајк.
„Тој влезе во
нашата соблекувална носејќи дресови, им честиташе на сите фудбалери, сиот
стручен штаб, Ван Дајк се покажа како врвен спортски џентлмен, даде убав пример
за тоа како треба да се однесува голема фудбалска ѕвезда“ рече Котерил.
„Сево ова ќе биде
едно убаво искуство за сите наши фудбалери, не можете да си заминете од тука а
да не помислите на тоа дека ова е голем, посебен клуб“ додаде тој.