Нови газди, стара политика: Џенова му подготвува отказ на Шевченко

by
1 минути читање

Енрико Прециози беше познат по тоа што немаше трпение, често знаеше да смени неколку тренери во сезоната, а се чини ваквата политика ќе ја задржат и новите сопственици на Џенова.

Андриј Шевченко беше именуван за нов предводник во ноември, стави потпис на две ипол годишен договор, но лесно може да се случи да не издржи ниту два ипол месеци.

Медиумите од Италија пренесуваат дека Џенова размислува да му врачи отказ по серијата слаби резултати и само три бода од девет меча, Украинецот се уште се нема израдувано на победа.

Се најавува состанок во следните денови по кој двете стрнаи ќе одлучат дали ќе продолжат заедно или ќе се разделат. Се говори дека на кормилото може да се врати Давиде Балардини, кој се уште е под договор со Џенова.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×