Милан убедливо ја победи Венеција и повторно се качи на врвот во Серија А (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Со два бода предност пред Интер, Милан сега е прв на табелата, но нероазурите имаат два меча помалку, а едниот од нив го играат вечерва, против Лацио, а другиот веројатно ќе го добијат службено.

Како и да е, Милан денеска си ја заврши својата работа, ги освои трите бодови од гостувањето кај Венеција и останува во трката за Скудетото.

Резултатот го отвори Златан Ибрахимовиќ уште во втората минута од мечот. Леао му сервираше една топка, а тој лесно погоди на празниот гол.

По три минути игра во вториот дел, Тео Ернандез одлично се проби по левата страна и постигна гол за 2-0.

Во 58. минута Свобода играјќи со рака спречи Милан да даде гол. Судијата покажа пенал и црвен картон за играчот на Венеција. Тео Ернандез беше прецизен од белата точка и ги постави конечните 0-3.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×