307
Во Серија А
одново ќе има натегање околу протоколите, Пјотр Зелински е позитивен на ковид-19.
Во четвртокот,
Полјакот доби наредба од локалните здравствени власти (АСЛ2) да седи во
изолација пет дена поради директен контакт со позитивен случај, но тој не ја
следеше насоката и настапи против Јувентус.
Доцна синоќа,
Наполи соопшти дека Пјотр Зелински е позитивен, нема симптоми и според протоколите, е во домашна
изолација.
Фудбалерот од
средниот ред прележа ковид во октомври 2020 и имаше примено две дози вакцина,
па останува да се види како овој случај ќе влијае врз спроведувањето на протоколите
и одлуките на локалните здравствени власти (АСЛ).