545
По киксот против
Хетафе, Реал Мадрид вечерва им се врати на победите и славеше во пресметката со
Валенсија.
Резултатот беше
отворен во финишот на првиот дел, беше досуден контроверзен пенал за еден старт
врз Касемиро, а Бензема беше прецизен од белата точка. За Французинот ова беше
погодокот бој 300 во дресот на „кралевите“ и стана само четвртиот фудбалер кој
стигнал до оваа бројка.
Мечот беше решен
по петнаесетнина минути во второто полувреме, Винисиус два пати ја тресеше
мрежата на Валенсија за 3-0.
Гуедеш постигна
почесен гол за гостите, а Бензема со својот втор гол во завршницата од мечот ги
постави конечните 4-1.