По крајот на сезоната,
Герет Бејл ќе го напушти Реал Мадрид, неговиот договор истекува и „кралевите“ немаат
намера да му понудат нов.
Па напаѓачот ќе
треба да одлучи што панатаму, а според Скај Спортс, многу работи ќе зависат од
резултатите на Велс во баражот за настап на Светското првенство.
Доколку Велс не
обезбеди билет за мундијалот во Катар, Герет Бејл ќе почне сериозно да
размислува за пензија и крај на кариерата.
Доколку Велс
испадне како победник во мартовските мечеви, Герет Бејл ќе продолжи да игра со
цел да биде подготвен за СП 2022. Но следниот клуб нема да биде звучно име,
како што пишува Скај Спортс, опции се Кардиф и Свонски, кои во моментов настапуваат
во втората лига на Англија.