Пике беше обвинет дека е најплатен во Барса, па покажа колкава плата добил на 30. декември (ФОТО)

by
1 минути читање

Новинарот Луис Канут
во четвртокот ги објави платите на фудбалерите на Барселона, и откри дека Жерард
Пике е на врвот со бруто плата од околу 28 милиони евра годишно, а зад него се Серхио
Бускет со 23 милиони евра и Жорди Алба со 20 милиони.

Тројцата капитени
минатото лето прифатија намалување на примањата со цел да помогнат Барса да ги
преброди овие тешки времиња и да се отвори простор за регистрирање на
засилувања.

Жерард Пике веста
ја протолкува како личен напад, па на социјалните мрежи објави прилив од банка
за кои вели дека е 50% од неговата основна плата.

„Личности како
овие напѓаат во јавноста за да ги бранат своите пријатели. Еве 50% од мојата
основна плата исплатена на 30. декември. Имајте барем малку поит кон себе“

напиша Жерард Пике на социјалните мрежи.

За шест месеци, Жерард
Пике добил нешто над 2,3 милиони евра, што би значело дека неговата годишна
плата е нешто над 4,6 милиони евра.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×