Менди само неколку дена помина во најозлогласениот затвор, фудбалерот на Сити ослободен со кауција

by
1 минути читање

Пред само неколку дена, Бенжамин Менди беше префрлен во затворот „Стрејнџвејс“ во Манчестер, кој се смета за еден од најсуровите и најнасилните во Англија.

Се најавуваше дека го чека пекол бидејќи во затворат има многу навивачи на Манчестер јунајтед, но тој таму не се задржа долго, денеска судот му дозволи да излезе на слобода со кауција. Сослушувањето било приватно, па нема многу детали за условите.

Познато е само дека ќе мора да живее на неговата домашна адреса, не смее да ги контактира тужителите и до полноќ треба да го предаде пасошот.

Бенжамин Менди 134 дена помина зад решетки откако беше обвинет дека нападнал пет жени во периодот помеѓу октомври 2020 и август 2021 година. Против него се покренати седум обвиненија за силување, и едно за сексуален напад.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×