Фудбалер на Зенит откри дека сакал да се самоубие: Тргнав да скокнам пред воз и….

by
1 минути читање

Емануел Мамана е
пред крајот на авантурата во Русија, наскоро треба да се врати во Ривер Плата,
па со медиумите од Аргентина говореше на многу теми и се присети на тешките
моменти од детството и обидот да си го одзеде сопствениот живот како тинејџер, откако му починале мајката и таткото.

„Сите оние кои ги
загубиле сопствените родители знаат колку е тешко тоа. Сакав да се убијам,
тргнав да направам нешто лудо. Сакав да се фрлам под воз, бев тргнат да скокнам
кога некој ме фати и ме повлече. Не знам кој беше тој човек, но сега сакам да
му се заблагодарам од дното на душата. Денеска имам сопствено семејство, жена и
деца“
– вели Мамана.

За враќањето во
Ривер каде што ја почна кариерата, тој вели: „Пријателите кога слушнаа дека се
враќам, ми рекоа дека сум луд поради сета неизвесност и проблемите во
Аргентина. Но јас немав сомнеж, кога ми се укажа шанса да играм за Ривер, не
сакав да слушнам за друга понуда“.

„Парите не ми се
важни, важно е да бидам среќен и да играм во клуб кој ме прави среќен. Пораснав
во сиромаштија, немав ништо, сега имам за нормален живот и тоа е доволно“.

„Се враќам бидејќи
сакам да бидам во клуб каде што бев среќен кога играв фудбал,
парите и се останато е во втор план“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×