234
Пол Погба ги
одработува последните шест месеци, и слободно може да потпише пред-договор со
друг клуб. Но Манчестер јунајтед не се откажува, според пишувањата на Сан, на
маса е ставена богата понуда и неделна плата од речиси 500.000 фунти.
Французинот тешко
дека ќе добие ваква сума од друг клуб, и со основна плата од 400.000 фунти плус
бонуси, тој ќе биде најплатениот фудбалер во историјата на Премиерлигата.
Но и овој предлог
може да се покаже како недоволен, Пол Погба сигурно ќе бара и милионски бонус за
потпис на договорот, што секако ќе го добие доколку се пресели беспари во друг
клуб.