Младата ѕвезда на Милан по натпреварот со Рома дома си отиде со воз (ФОТО)

by
1 минути читање

Чипријан
Татарушану е позитивен на ковид-19, третиот голман Алесандро Плицари е повреден,
па за дербито со Рома, Стефано Пиоли како резерва го повика 17 годишниот Лапо
Нава, кој прв пат се најде во сениорскиот сотав на Милан.

Младото момче не
се најде на теренот, но ги освои симпатиите откако по крајот на натпреварот
дома си отиде со воз, и неговата слика стана хит на социјалните мрежи.

Интересно,
неговиот татко, Стефано Нава е поранешен фудбалер на Милан и има играно покрај
Паоло Малдини, а синоќа нивните синови седеа на клупата. Даниел Малдини дури и
доби шанса и ги одигра завршните минути.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×