149
Астон Вила и Барселона официјално потврдија дека постигнале договор за Кутињо. Бразилецот ќе потпише кога ќе ги помине медицинските тестови.
Тој во Астон Вила оди на позајмица до крајот на сезоната со опција целосно да биде откупен. Неговиот договор со Барселона е до јуни 2023 година.
Во текот на позајмицата Астон Вила ќе го плаќа поголемиот дел од платата на Кутињо, но дел ќе покрива и Барселона.