Натпреварот почна шокантно за Лацио, по само осум минути игра Емполи веќе имаше водство од 2-0. Бајрами погоди од пенал во 6. минута, а две минути подоцна Зурковски реализираше за зголемено водство.
Во 14. минута капитенот на Лацио, Чиро Имобиле успеа да го намали водството на Емполи и да го врати својот тим во игра.
Во 66. минута Милинковиќ-Савиќ израмни на 1-1, но девет минути подоцна Ди Франческо го врати Емполи во водство.
Три минути подоцна Лацио постигна нов гол, но ВАР им го поништи поради играње со рака.
Во 87. минута Имобиле доби шанса од пенал да изедначи, но голманот на Емполи го одбрани неговиот удар и во тој момент го сочува водството на својот тим.
Сепак, во 93. минута Милинковиќ-Савиќ постигна нов гол и го постави конечниот резултат од 3-3.
Ефикасни беа и другите мечеви кои досега се одиграа во Серија А. Каљари со 2-1 славеше на гостувањето кај Сампдорија, Верона со истиот резултат дојде до триумф кај Специја.