299
Утре на Сан Сиро Рома му гостува на Милан, Жозе Мурињо се враќа на стадионот каде со Интер славеше големи победи.
Поради Интер секој натпревар на Мурињо против Милан не е ист како и другите.
„Професионалци сме, но има клубови на кои треба да им речете не, поради почит кон оние каде што сте работеле претходно“, вели Мурињо.
„По 2010 година, првиот италијански клуб кој ме контактираше беше Рома и нив можев да ги прифатам, но не сите. Пример, сега никогаш не би бил тренер на Лацио, нема проблем ни со Милан, но никогаш не би работел таму. Тоа е прашање на почит, и очекувам дека и тие имаа исто чувство за мене“.