Ериксен со прво интервју по срцевиот удар: Умрев на пет минути

by
1 минути читање

Пред нешто
помалку од седум месеци, Кристијан Ериксен добро го исплаши сите, фудбалерот
колабираше на теренот на дуелот помеѓу Данска и Финска на Европското првенство.
Неговото срце престана да бие, но благодарејќи на брзата интервенција на
соиграчите и докторите тој беше вратен во живот.

Кристијан Ериксен
сега го даде првото интервју по срцевиот удар, и ја искористи оваа прилика да
им се заблагодари на сите кои испратиле порака, писмо, мејл или цвеќе.

„Прекрасно е тоа
што толку многу луѓе решија да ми пишат или да ми испратат цвеќиња. Тоа што ми
се случи, имаше влијание врз многу луѓе, и тие чувствуваа дека е потребно да ми
покажат на мене и моето семејство дека имаме поддршка. Тоа ме направи многу
среќен. Во болницата само ми велеа дека пристигнуваат цвеќиња, уште цвеќиња… Малку
ми беше чудно, не очекував луѓето да праќаат цвеќиња… умрев на пет минути“

вели Ериксен.

„Со луѓето кои се
сретнав, лично им се заблагодарив. Лично им се заблагодарив на докторите, на
соиграчите и нивните семејства“.

„Па сакам да ја искористам
оваа прилика да им се заблагодарам на сите фанови кои ми испратија порака,
писмо, мејл или цвеќе“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×