Франк Кеси ги
одработува последните месеци од договорот и никако да биде пронајдена согласност за
продолжување на соработката.
Фудбалерот едно
време говореше дека нема намера да си оди и сака да остане во Милан засекогаш,
но го шокираше раководството со барање за плата од 8-9 милиони евра по сезона,
што е четири пати повеќе од она што го заработува во моментов (2,2 милиони
евра).
Неколку клубови
се заинтересирани за неговите услуги, според Спортмедиасет и Кориере дела Сера,
Тотнем сака да го ангажира фудбалерот уште овој месец, „спарси“ понудиле трампа
Танги Ндомбеле за Франк Кеси.
Милан сепак го
одбил предлогот и сака да го задржи Френк Кеси до крајот на сезоната и покрај
тоа што знаат дека во јули нема да добијат ниту едно евро за неговите услуги.