Тухел потврди, решен е проблемот со Лукаку, напаѓачот се извинил

by
1 минути читање

Контроверзното интервју за „Скај Италија“ му создаде многу проблеми на Лукаку. Тухел разговараше со напаѓачот, недоразбирањата се надминати и тој ќе биде во составот за утрешниот дуел со Тотнем од Лига Купот.

„Ромелу Лукаку се извини и повторно е во составот. За мене важно беше да разберам дека немало намера од страна на Ромелу. Работата не е толку голема колку што луѓето сакаат да биде, не е ни мала, но можеме да бидеме мирни и да го прифатиме неговото извинување“, вели Тухел.

Лукаку се враќа во тимот, но нејасно е каква ќе биде реакцијата на фановите на Челси, логично е да има свирежи кога ќе се појави на Стемфорд Бриџ.

„Реакцијата на фановите на Челси? Ромелу е многу свесен што се случи, што направи. Тој чувствува одговорност да го среди проблемот што го создаде. Можеби ќе има рекации, но тој ќе треба да се справи со тоа. Нема друг избор, тој е наш фудбалер“.

„Нема никаков сомнеж во посветеноста на Лукаку кон тимот. Тој е многу посветен. Токму и затоа беше така изненадувачко интервјуто. Никогаш не направил никаков проблем, тој е дечко кој има големи емоции. Се надевам дека фановите ќе го земат и тоа во предвид и ќе му дадат поддршка на тимот како што секогаш го прават тоа. Време е да одиме напред“.

Лукаку му потенцирал на Тухел и на раководството на Челси дека нема намера да си оди во јануари.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×